Дома Останати Кошарка Историски договор: Стеф Кари има нов спонзор (Видео)

Историски договор: Стеф Кари има нов спонзор (Видео)

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинеската компанија Ли-Нинг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој ја раскина соработката со Андер Армор во ноември и од тогаш беше поврзуван со многу компании, дури и со Најки, со кои требаше првично да потпише договор, но тоа не се заврши добро, па избра Армор.

Кари објави дека потпишал историски договор со Ли-Нинг, кој ќе го прошири неговиот „Кари Бренд“ на глобално ниво.

Соработката ќе опфаќа кошаркарска опрема, спортска и „лајфстајл“ облека, со можност Кари да потпишува договори под свој бренд со други машки и женски спортисти, како и цела линија производи за голф.

Заштитни лица на Ли-Нинг се неговиот соиграч од Вориорс, Џими Батлер, и познатиот, сега пензиониран бек, Двејн Вејд.

Ли-Нинг планира да отвори продавници на „Кари“ брендот во Соединетите Американски Држави и Кина.

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

Објава споделена од Вардел Кари (@stephencurry30)

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ го води Баерн кон финале во Бундеслигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно имаше значајна улога во новиот триумф на…