Легендата на Манчестер Јунајтед и актуелниот селектор на Велс, Рајан Гигс завршил во полициска станица поради напад на неговата девојка.
Медиумите објавија дека во неделата навечер полицијата дошла во домот на Гигс поради пријава за вознемирување. Гигс наводно и нанел телесни повреди на неговата девојка, Кејт Гравил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Девојката се здобила со помали повреди и не и било потребно лекување“, се наведува во полицискиот извештај.
Гигс бил пуштен на слобода откако платил кауција.
Гигс и Гравил во врска се од 2017 година, а веста за почетокот на нивната врска стигна откако Гигс се разведе од поранешната сопруга.
The @Cymru press conference to announce their Nations League squad scheduled for tomorrow has been postponed.
— BBC Sport Wales (@BBCSportWales) November 2, 2020
“The FAW is aware of an alleged incident involving the men’s national team manager Ryan Giggs. The FAW will be making no further comment at this current time.” pic.twitter.com/reCvLtIVpI