Дома Фудбал Марадона примен во болницата во Ла Плата

Марадона примен во болницата во Ла Плата

Легендарниот Диего Марадона изминатата вечер бил примен во болницата во Ла Плата.

Во овој момент нема конкретни информации поради што легендарниот Марадона е хоспитализиран во болницата. Марадона инаку изминатите неколку дена беше во центарот на вниманието по повод неговиот 60. роденден.

Медиумите шпекулираат дека не е во прашање коронавирусот и дека Диего има други проблеми.

Дека Марадона не е во најдобро здравје можеше да се види и во дуелот помеѓу Химназија и Патронато кога му беше приредено роденденско изненадување, а неговиот тим славеше со 3:0.

На овој дуел Марадона не можел да се движи сам и едвај ги поздравил фановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…