Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин повторно упати остри критики кон фудбалерите после поразот од Арсенал на „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кин смета дека Соскјер наскоро ќе ја загуби работата бидејќи работи со фудбалери на кои им недостасува квалитет.
„Ќе ви кажам што ќе се случи: Оле ќе ја загуби работата бидејќи работи со вакви фудбалери. Пред мечот зборувавме дека играчите треба да бидат агресивни и да се борат за победа, а не го видовме тоа. Нема никаква енергија во тимот, ентузијазам, недостаток на квалитет и тоа навистина ме загрижува. Бог да ни е на помош со вакви фудбалери. Ваков недостасток на класа во Јунајтед немало со години“, изјави Кин.