Дома Фудбал Трајковски добива нова шанса, ќе биде стартер и против Малага?

Трајковски добива нова шанса, ќе биде стартер и против Малага?

Eкипата на Мајорка утре во рамките од втората шпанска лига ќе игра против уште еден поранешен поранешен клуб од Примера, Малага.

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски доби шанса од првата минута во минатиот натпревар, а според последната изјава на стратегот на Мајорка, Луис Гарсија на денешната прес-конференција Трајковски многу веројатно ќе добие нова шанса утре.

На почетокот на сезоната Трајковски не играше многу, но и за утрешниот натпревар кај Мајорка ќе отсусттвуваат Александар Седлар, Идрис Баба и Мурлио, па затоа очекувањата се Трајковски да почне од првата минута.

„Идрис Баба, Александар Седлар и Мурлио повторно нема да бидат дел од тимот. Се надевам дека за Реал Сарагоса ќе бидат спремни. Седлар сигурно ќе биде спремен за тогаш“, изјави помеѓу другото стратегот на Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…