Дома Фудбал Англија Ливерпул го покажа новиот тренинг центар?

Ливерпул го покажа новиот тренинг центар?

Ливерпул е се поблиску до тоа да се пресели во новиот тренинг центар во Кркби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес клубот презентираше видео на кое го покажа изгледот на новата тренинг база, која е ултра модерна и за нејзината изградба Ливерпул потроши 50 милиони евра.

Ливерпул веќе ги продаде правата на името на комплексот, кој ќе се вика  AXA Training Centre.

Англискиот шампион требаше да се пресели во новиот тренинг центар уште во јуни, но процесот се забави поради пандемијата. Сега се е готово, па „црвените“ од следниот месец ќе се преселат во новата тренинг база.

Уште во 2017 година клубот започна со изградба на нов тренинг центар, откако објавија дека базата во „Мелвуд“, која клубот ја користи 70 години е веќе мала за потребите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан договори дефанзивец според желбите на Рубен Аморим

Милан треба да се засили во сите линии, а Гонсало Рамош е практично пред доаѓање во тимот,…