Лидс во првиот натпревар од шестото коло во ПЛ ја совлада Астон Вила на гостувањето со убедливи 0:3.
И двата тима играат одлично во новата сезона. Вила беше перфектна до ова коло со четири победи, но Биелса и Бамфорд синоќа им приредија тежок пораз.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вила ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме. Џек Грилиш го совлада голманот на гостите, но Ајлинг ја извади топката од гол-линијата.
На одмор заминаа без голови, а во продолжение чудесниот Бамфорд ја сруши Вила.
Одличниот напаѓач постигна хет-трик од 55 до 74 минута. Му донесе победа на својот тим од 0:3 и барем за кратко го однесе својот тим до третото место на табелата.
За Вила ова е прв пораз оваа сезона. Имаат 12 бода и натпревар помалку и се втори на табелата.
Нашиот репрезентативец Алиоски за прв пат оваа сезона го одигра целиот натпревар.
Aston Villa vs Leeds United 0-3 2nd and 3rd goals world class. The Whites destroyed Aston Villa’s 100% record this morning. Bamford hat trick 2nd & 3rd foals world class pic.twitter.com/Zj04rZDfWa
— Peter Kalla (@PeterKalla1) October 24, 2020