Екипата на Болоња утре ќе гостува кај Лацио во Рим и тоа ќе биде дуел на двајца поранешни соиграчи, Синиша Михајловиќ и Симоне Инзаги.
На прес-конференцијата пред овој натпревар Михајловиќ зборуваше за минатото и раскажа една интересна анегдота. Имено, Инзаги обожувал да се обложува со Миха, но не бил баш добар па често пати плаќал гориво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Инзаги сакаше да се обложува, меѓутоа секогаш губеше. Не ме победил во ниту еден облог и секој недела ми полнеше гориво“, изјави српскиот стратег.
Коментари