Дома Топ вести Пике на еден ден пред „Ел Класико“ отворено го критикуваше Бартомеу

Пике на еден ден пред „Ел Класико“ отворено го критикуваше Бартомеу

Само на еден ден пред „Ел Класико“ во шпанските медиуми објавено е едно интересно интервју со стоперот на Барселона Жерар Пике.

Пике долги години е еден од главните играчи на Барселона и неговото мислење е прилично важно. Всушност навивачите едвај ги чекаат неговите изјави за да каже што мисли. Сега зборуваше на некои „жешки“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Пике доби нов договор кој го потпиша пред неколу дена тој нема проблем да каже дека не се согласува со Бартомеу и неговите потези.

„Мојот однос со претседателот може да биде срдечен. Но, лудост е што клубот потроши пари за нас да не критикуваат“, изјави Пике за аферата во која Бартомеу ангажираше агенција на друштвените мрежи да ги критикува играчите, за тој да биде „чист“. Еден од главните соработници во тоа на Бартомеу беше Жаум Масферер.

„Тоа што тој се уште работи за клубот е навистина болно“, призна Пике.

Го критикуваше и начинот на кој Барса ги намали платите.

„Обликот кој клубот го користеше е навистина лош. Воопшто не се сложуваме. Сепак, Барса ми даде се, па поради клубот се ставив на располагање“.

Секако и можното заминување на Меси беше тема.

„Го замолив да остане бидејќи „Ноу Камп“ треба да го носи неговото име. Лео тоа го заслужува. Не може некој кој игра 16 години за клубот да дојде и преку факс да соопшти дека си заминува. Тука нешто не е во ред. Луѓето како Гвардиола, Чави, Пујол или Валдес не се во клубот, но се дел од големата историја и Бартомеу тоа мора да го цени“, заврши Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…