Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Тотенхем постигнале договор со трансфер на дефанзивецот Милан Скриниар.
Двата клуба преговараа за трансфер на Скриниар во последните денови од преодниот рок, но не најдоа заеднички јазик околу обештетувањето.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Скриниар не се вклопува во формацијата на Конте и Интер е спремен да го продаде, а дефанзивецот е најголема желба на Жозе Мурињо.
„Калчомеркато“ пренесува дека двата клуба постигнале договор и трансферот ќе се реализира во јануари за 40 милиони евра.
Интер веќе бара замена, а прва мета е Миленковиќ од Фиорентина чија цена исто така се движи околу 40 милиони евра.
#Inter, #Skriniar saluta: accordo per gennaio con il #Tottenham, gli Spurs cercano l'acquisto a 40 milioni
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 18, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/Wh32kOLdCa