Дома Кошарка По поразот на Лејкерси критики за Леброн: Погреши ли што не шутираше за тројка? ?

По поразот на Лејкерси критики за Леброн: Погреши ли што не шутираше за тројка? ?

Лејкерси изгубија во петтиот натпревар од финалната серија и Мајами успеа да намали на 3:2.

Леброн Џејмс во овој меч постигна 40 поени, но и покрај тоа се најде на мета на критики и многумина токму него го означуваат како виновник за поразот.

Дали Џејмс погреши што во последните минути место да се обиде да погоди тројка додаваше?

Од кошаркарски аспект гледано не погреши што го проигра Грин, бидејќи беше свесен дека Мајами ќе се фокусира на одбраната на него, па потоа на Дејвис и на крајот се одлучи да навлече што повеќе противнички играчи и така на своите соиграчи да им остави простор.

Втеран каков што е Грин со 40% проценти од линијата за три поени во кариерата доби позиција како на тренинг, но успеа да промаши.

И покрај тоа што Леброн веројатно постапи како што треба, сепак на социјалните мрежи доби многу критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Притвор по навивачкиот судир, Фемили ги оспорува тврдењата за оружје

Фемили Аеродром ги отфрла тврдењата за употреба на оружје во судирот со ривалските навивач…