Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер во интервју за „Дер Шпигел“ зборуваше за новиот европски шампион Баерн Минхен.
Французинот го пофали тимот на Ханс Флик, но потенцираше дека тој не е премногу воодушевен од овој тим на гигантот од Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не би сакал да испадне дека го потценувам овој Баерн. Тие се најдобар тим во Европа, но мораме да бидеме свесни дека тие немаат вистинска конкуренција. Барселона е слаб, Реал исто така, сите други се слаби. Овој Баерн не е ниту блиску до оној од 2013 година кога исто ја освоија Лигата на шампионите“, смета Венгер.
Инаку поранешниот тренер на Арсенал повеќе пати беше елиминиран од Баерн, во последните два натпревари во осминафиналето беше поразен со вкупен резултат од 10:2.