Дома Фудбал Новото засилување на Јувентус: Пирло игра со нас, уште ја има таа елеганција – не можеме топка да му земеме!

Новото засилување на Јувентус: Пирло игра со нас, уште ја има таа елеганција – не можеме топка да му земеме!

Андреа Пирло важи еден од најдобрите играчи во средниот ред, а дека неговото мајсторство се уште го има иако денес работи како тренер и работат му е друга потврди новото засилување на Јувентус, Весто Мекени.

Американецот од редовите на Јувентус е импресиониран од она што го видел на тренинзите во редовите на италијанскиот шампион.

Мекени истакна дека Пирло некогаш игра со играчите од тимот и покажува дека се уште може да се „мери“ со далеку помладите од него.

„Понекогаш игра со нас и се уште ја има елеганцијата и ноншалантноста, а во исто време не можете и топка да му земете. Навистина е одлично што имам прилика тој да ми биде тренер“, изјави Мекени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…