Натпреварот од 3. коло во Сериј А помеѓу Јувентус и Наполи не се одигра затоа што гостинските фудбалери не се појавија во планираниот термин.
Фудбалерите на Јувентус го испочитуваа протоколот до крајот, излегоа на терен заедно со судиите, но натпреварот не се одигра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога се вратија во соблекувалната Кристиано Роналдо направил скандал откако му соопштиле дека не може веднаш да оди на собирот со репрезентацијата.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо бил беснеел пред клупското раководството и играчите затоа што морал да остане во хотелот и да чека дозвола од здравствените власти.
Тоа воопшто не му се допаднало, а на крајот на сопствена одговорност го напуштил хотелот и отишол во својот дом за во понеделникот да и се приклучи на Португалија.
Во меѓувреме отворена е истрага за играчите на Јувентус кои го напуштиле хотелот, додека дисциплинската комисија на ФС Италија следната недела ќе донесе одлука за натпреварот против Наполи.