Со победата во четвртиот натпревар од финалето (102:96) Ла Лејкерси ноќта вторникот пмеѓу средата поведоа со 3:1 и сега им треба уште една победа за потврда и освојување на 17-титула НБА шампион.
Ако традицијата продолжи до таа победа можат да стигнат веќе во петтиот натпревар кој се игра ноќта помеѓу петок и сабота.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Лејкерси одлучија во тој натпревар да играат во црните дресови, популарната „Мамба“ гарнитура направена во чест на Коби кој лично во 2018 година помогна во дизајнирањето на оваа верзија на дресот.
Во финалната серија Лејкерси планираа да ја носат оваа гарнитура во вториот меч и во евентуално седмиот натпревар, но се предомислија и ќе ги користат во петтиот.
Инаку, освен во вториот меч Лејкерси оваа гарнитура ја носеа уште три пати во плеј-офот и секогаш победуваа.