Дома Фудбал Готово: Направен е најголемиот чекор за бркање на Бартомеу

Готово: Направен е најголемиот чекор за бркање на Бартомеу

Откако беше потврдена валидноста на собраните потписи, официјално ќе има референдум за гласање на доверба на претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу.

На 17 септември беа предадени 20.687 собрани потписи, а откако беа верификувани потребните 16.520 потписи стана јасно дека ќе има референдум.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште овој месец ќе биде повикан референдум и ќе му се гласа доверба на претседателот Бартомеу. За да биде успешен референдумот две третини од 150.000 членови треба да гласаат „ЗА“ промена на претседателот.

Референдумот треба да биде закажан за 10 до 20 дена од денешниот датум, а постои можност Бартомеу и сите директори на Бордот сами да си поднесат оставка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов постигна гол против Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија …