Дома Трансфер зона Иако преодниот рок во Англија заврши Лингард може да го напушти Јунајтед

Иако преодниот рок во Англија заврши Лингард може да го напушти Јунајтед

Џеси Лингард би можел многу брзо да го напушти Манчестер Јунајтед.

Лингард неодамна испадна од сите комбинации кај стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и шанса добива само во помалку важните натпревари. Тешко е да се очекува дека оваа сезона ќе игра во Премиер лигата, па 27 годишникот е на излезни врати од „Олд Трафорд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако преодниот рок во Англија заврши во понеделникот во Португалија тој е отворен се до 25. октомври и токму гигантот од оваа земја, Порто е заинтересиран за Лингард.

Порто сака Лингард да го доведе на позајмица. Изгледа дека и самиот фудбалер е спремен за нов предизвик и ваквиот трансфер би можел да биде од корист за сите страни.

Португалците ќе се обидат да го завршат, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…