Четвртиот натпревар од финалната серија во НБА донесе неизвесен меч во кој на крајот Лејкерси стигнаа на чекор од титула. Со победа од 102:96 успеаа да отидат на 3:1 против Мајами.
Натпреварот беше прилично изедначен, а за разлика од претходните натпревари овој пат никој не успеваше да направи поголема разлика. Леброн Џејмс ја играше својата препознатлива кошарка додека Ентони Дејвис не беше оптеретен со фауловите па успеа колку толку да го запре Џими Батлер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимовите го менуваа водството се до третата четвртина кога Џејмс со неколку одлични потези ги однесе Лејкерси на +6 (63:57). На крајот победи тимот од Калифорнија 120:96. Џејмс натпреварот оствари учинок од 28 поени и 12 скокови, додека Батлер постигна 22 поени и имаше 10 скокови. Дејвис го заврши натпреварот со 22 поени.
Следната победа на Лејкерси може да им ја донесе 17. титула на оваа франшиза.