Дома Фудбал Италија „Бум“ Милан: Договорени две нови засилувања!

„Бум“ Милан: Договорени две нови засилувања!

Милан одлично го отвори трансфер пазарот и донесе четири нови засилувања за приближно 100 милиони евра, а потоа доживеа голем удар во преговорите со Џанлуиџи Донарума.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот голман одби да го продолжи договорот и предизвика „земјотрес“ во Милано, па на неколку дена „росонерите“ ги стопираја преговорите околку новите засилувања.

Сепак, Милан се опорави од шокот, а информациите од Апенините говорат дека раководството денес договори две нови засилувања.

Имено, спортскиот директор на Милан, Мирабели денес отпатува во Рим на спредба со претседателот на Лацио. Медиумите пренесуваат дека е постигнат договор за траснер на Лукас Биглија за кого „росонерите“ ќе платат 20 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.

Истовремено, Милан е во завршни преговори со Аталанта за десниот бек Андреа Конти кој моментално е со младата репрезентација на Европско првенство.

Трансферот е начелно договорот за 25 милиони евра, а ќе биде комплетиран кога фудбалерот ќе се врати од Полска и кога ќе ги помине лекарските прегледи.

Медиумите тврдат дека покрај овие две засилувања, „росонерите“ до крајот на преодниот рок сакаат да донесат уште еден играч за врска, едно десно крило и еден централен напаѓач, а тоа значи дека Милан во летниот преоден рок ќе потроши околу 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека ст…