Дома Трансфер зона Уште еден играч кој е „отпишан“ од Куман ќе се пресели во Англија

Уште еден играч кој е „отпишан“ од Куман ќе се пресели во Англија

Барселона ќе се откаже од уште еден фудбалер кој кариерата ќе ја продолжи во Англија.

За 35 милиони евра Барса го продаде Нелсон Семедо на Вулверхемптон, а сега уште еден играч на Каталонците блиску до преселба на Островот. Станува збор за Жан-Клер Тодибо, 20 годишниот дефанзивец кој се очекува да го засили Фулам.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според каталонскиот „Спорт“ преговорите се во напредна фаза и се би требало да биде завршено многу брзо. За неговите услуги Барселона ќе добие 18 милиони евра.

Тодибо на почетокот стави до знаење дека не сака да ја напушти Барселона, меѓутоа откако Куман му соопшти дека нема да биде во плановите за новата сезона младиот дефанзивец одлучи да ги разгледа понудите. Од Англија го посакуваше и Евертон, меѓутоа „карамелите“ брзо се откажаа.

Претходната сезона Тодибо ја помина на позајмица во Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…