Бразилскиот напаѓач Хулк потврди дека после четири ипол години играње за Шангај ШИПГ ќе ја напушти Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хулк има договор со кинескиот клуб до декември и нема намера да го продолжи затоа што сака да ја промени средината. Неговиот план е да се врати во Европа каде што претходно играше одлично за Порто и Зенит.
„Во декември ми завршува договорот и им кажав на луѓето во клубот дека не сакам да го продолжам. Имам интересни понуди од неколку лиги во Европа, а помеѓу нив се клубови кои играат во најсилното европско натпреварување. Добив понуди и од Бразил и Кина, но сакам да се вратам во Европа и да играм во Лигата на шампионите“, изјави 33 годишникот за кој Шангај на Зенит му плати 55 милиони евра.
Интересно е што Хулк и во претходните два клуба помина по четири години и имаше слична статистика. За Порто постигна 77 голови и запиша 61 асистенција. Во Зенит постигна 76 голови ии маше 60 асистенции, додека во Кина постигна 74 гола и подели 54 асистенции.
За Бразил дебитираше пред 11 години и постигна 11 голови на 48 настапи.