Дома Фудбал Тоти ја посети девојката која по неговата видео-порака се разбуди од кома ?

Тоти ја посети девојката која по неговата видео-порака се разбуди од кома ?

Млада девојка која игра за Лацио по девет месеци се разбуди од кома благодарение на видео-порака од Франческо Тоти.

Во декември минатата година Иленија Maтија доживеа тешка собраќјка во декември минатата година. Во собраќајката нејзината другарка почина, а таа беше девет месеци во кома. Сега конечно го запозна нејзиниот идол.

„Ииленија, не смееш да се откажеш, со тебе сме сите, мораш да се избориш“, гласеше видео-пораката од Тоти.

Тоти потоа ја посети Иленија во болницата, но за жал таа се уште не може да зборува.

„Ми се насмеа, ме прегрна и заплака. Средбата беше навистина емотивна, ќе се видиме пак кога ќе излезе од болница“, изјави Тоти по средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…