Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело до крајот на преодниот рок ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.
Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
„Дон Балон“ тврди дека Марсело веќе ја прифатил понудата на Јувентус и ќе се пресели кај својот пријател Кристиано Роналдо.
32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Торино.
Поради тоа Марсело воопшто не беше повикан за вчерашниот дуел на Реал Мадрид против Бетис.
? #Juventus – #Marcelo out col #RealMadrid: c’è preoccupazione per una partenza last minute (Don Diario)
— calciomercato.it (@calciomercatoit) September 27, 2020
? #CMITmercato https://t.co/HIvX8uSmNW