Дома Трансфер зона Лацио спрема трансфер „бомба“: Ѕвездата на ПСЖ на чекор од „Олимпико“

Лацио спрема трансфер „бомба“: Ѕвездата на ПСЖ на чекор од „Олимпико“

Лацио во последните денови од преодниот рок може да донесе големо засилување за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за ѕвездата на Пари Сент Жермен, Јулијан Дрекслер, кој би можел да се пресели на „Олимпико“ во следните денови.

Лацио следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, па сака да донесе едно големо засилување, а веќе подолго време работи на трансферот на Германецот.

Договорот на Дрекслер со „светците“ трае до следното лето, па поради тоа ПСЖ е спремен да го пушти за само 15 милиони евра.

Меѓутоа, 27-годишниот Германец треба да се согласи на 30% помала плата за да се пресели на „Олимпико“.

Преговорите со неговиот агент се во тек, а италијанските медиуми се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…