Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне вели дека одлуката на Џиџо Донарума да не го продолжи договорот му нанесла штета на клубот од 100 милиони евра.
Фасоне во целост ја негираше верзијата на Раиола, тврди дека Милан бил доволно трпелив и дека како позадина на ваквата одлука е привизијата која ќе заврши во џебот на агентот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Неговата одлука е во рамките на правилата, апсолутно имаше право да го одбие новиот договор. Но сосема друго е дали она што го направи е во склоп со бизнис етиката. Остана горчлив вкус поради начинот на кој се разреши ситуацијата. Се можеше да се заврши без да му се нанесе штета на клубот. Поради начинот на кој Џиџо и Мино решија да заминат, му нанесоа штета на Милан од 100 милиони евра”, тврди Фасоне.
„Доколку Донарума вреди толку на само 18 години, тоа е бидејќи клубот инвестирал во него и имал храброст да му укаже шанса во првиот тим. Тие требаа да кажат само дека Џиџо не сака да остане и ќе потпишеше договор со разумна откупна клаузула. Па доколку најголемиот клуб во светот доставеше понуда, Џиџо ќе можеше да замине уште ова лето”.
„Но сега наместо Милан да ја добие сумата која ќе ја плати Реал Мадрид, парите ќе завршат во џебот на неговиот агент. Ние барем ќе ја инвестиравме таа сума во италијанскиот фудбал”.
„Секогаш кога разговаравме, дали тоа беше лице во лице или пак на телефон, Џиџо ме осигуруваше дека сака да остане. Но агентот секогаш велеше дека не е подготвен да преговара во временската рамка која ја поставивме. Ние мораме да бараме нов голман, што ако чекавме и во септември Џиџо ни кажеше дека нема да го продолжи договорот. Сепак, ние сме тука и доколку се предомисли ќе го пречекаме со раширени раце, како клубот, така и фановите“, заклучи на крајот Фасоне.