Приоритет на Барселона до затворањето на преодниот рок ќе биде доведување на централен дефанзивец.
Со заминувањето на Нелсон Семедо каталонскиот клуб ќе има буџет за засулување на одбраната, па покрај десен бек сака да донесе и еден искусен стопер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерик Гарсија најверојатно ќе пристигне на „Камп Ноу“, но Куман бара и искусен дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Ленгле.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барса е заинтересирана за Матео Мусакио, кој е на илезна врата од Милан.
Цената на Аргентинецот во моментов е само 5 милиони евра бидејќи влезе во последната година од договорот, а има големо искуство во Примера.