На само две недели пред натпреварот со Македонија, најдобриот фудбалер на Косово Ведат Муричи е позитивен на коронавирус!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанскиот „Калчомеркато“ денес објави дека Муричи бил позитивен на Ковид-19 и тоа сигурно не се добри вести за нашиот противник во полуфиналето од Лигата на Нации.
Според она што сега се случува во фудбалот во случај Муричи да не се опорави од вирусот нема опасност натпреварот да се одложи, туку само тој ќе го пропушти дуелот.
Македонија и Косово како што е познато требаше да играат уште во март, меѓутоа по неколку одложувања сега тој натпревар ќе се одигра на 8. октомври.