Кошаркарите на ЛА Лејкерси успеаа да поведат во финалната серија на Западната конференција против Денвер Наџентс и го добија првиот натпревар со 126:114.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лејкерси сигурно се најголеми фаворити за освојување на НБА лигата оваа сезона, но Денвер веќе покажа дека никој не треба да ги отпишува. Наџентси надополнија заостанување од 3:1 против Јута и Клиперси, па сигурно овој пораз нема да ги откаже.
Го диктираа Лејкерси темпото од самиот почеток. На Наџентси им припадна првата четвртина со 38:36, но на пауза се замина со резултат 70:59 за Лејкерси. Тимот од Лос Анџелес доминираше и во третата четвртина во која имаше двоцифрена предност, а после третата четвртина Џејмс и друштвото водеа со 103:79.
Денвер успеа во последната четвртина да ја намали предноста, но беше јасно дека Лејкерси ќе поведат во финалната серија на Западната конференција. На крајот конечниот резултат гласеше 126:114.
До победата Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис кој постигна 37 поени, додаде десет скокови и четири асистенции. Џејмс одигра нешто послаб натпревар меѓутоа запиша дабл-дабл со 16 поени и 12 асистенции. Кај Денвер се истакнаа Јокиќ и Мареј со по 21 поен.