Дома Фудбал Во случај на сензација Шкендија би играла со на хартија полесен противник од Тотенхем

Во случај на сензација Шкендија би играла со на хартија полесен противник од Тотенхем

Откако вчера Шкендија успеа да победи во Романија и да го елиминира Ботошани пред клубот од Тетово е голем натпревар во третото квалификациско коло во кое ќе играат против англискиот гигант Тотенхем.

Тотенхем е огромен фаворит и би била една од најголемите сензации во македонскиот фудбал ако Шкендија ги елиминира „петлите“.

Она што е интересно ако Шкендија во некој случај направи чудо во наредната фаза ќе ја чека силен, но противник на хартија послаб од Тотенхем.

Можни противници на Шкендија се: Ростов, Макаби, Вилеем 2, Ренџерс, Фехевар, Рем, Стеауа и Слован Либерец.

Ждрепката ќе се одржи денес од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…