Дома Топ вести Собрани потребните потписи: Ќе се гласа недоверба на Бартомеу

Собрани потребните потписи: Ќе се гласа недоверба на Бартомеу

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу го очекува гласање за недоверба со што може да дојде до предвремен крај на неговото владеење на каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бартомеу нема да се кандидира на изборите во Барса во март 2021 година, но сега група на членови на клубот со име „ Mes Que una Mocio“ (Повеќе од движење) собра 20.687 потписи за предвремено гласање, а им беа потребни 16.520.

Гласањето ќе се одржи веднаш откако клубот ќе ги завери сите собрани потписи. На рефендумот доколку две третини од гласовите бидат за заминување на Бартомеу, тој ќе биде сменет и членовите веднаш ќе закажат нови избори.

Виктор Фонт, поранешниот претседател Жоан Лапорта, Жорди Фаре и Луис Фернандез се четирите кандидати, и се верува дека четворицата се потпишале на петицијата.

Потписите за недоверба на Бартомеу почнаа да се собираат веднаш откако најголемата ѕвезда Лионел Меси отворено ја нападна неговата работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…