Tимот на Шкендија вчера успеа да го елиминира Ботошани во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Бесарт Ибраими на самиот старт од натпреварот кога со маестрален лоб удар го матираше голманот Ботошани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со таа победа Шкендија се избори за натпревар во Скопје со англискиот гигант Жозе Мурињо. По победата на Шкендија сопственикот на клубот Љазим Дестани испрати порака преку социјалните мрежи.
„Честитки Шкендија! Победата во Романија ни донесе голема радост и се надевам дека на ваков ритам и ваква игра и во следното коло. Ајде со достоинство и чест да го пречекаме Тотенхем во Скопје“, напиша Дестани.