Дома Македонски спорт Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20. септември

Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20. септември

Со голема радост ве информираме дека пред нас е долгочекуваното национално првенство во триатлон во Дојран кое ќе се одржи на 20. септември 2020 година (недела).

Настанот ќе биде комплетно организиран под строги безбедносни протоколи пропишани од надлежните институции, а со цел заштита на учесниците и на сите инволвирани од коронавирусот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Натпреварувањето кое ќе се бодува за шампионат на Македонија во триатлон е во организација на Триатлон федерацијата на Македонија  и на општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија. На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории. Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка во недела во Дојран.

Ги повикуваме сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID-19. Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел.

Триатлонот во Дојран нека биде еден убав настан, каде на сите начини ќе ја докажеме спортската дисциплина и одговорност кон другите!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПМФЛ: Струга го прегази Вардар, Работнички нов лидер

Денеска во рамките од деветтото коло во македонската прва лига се одиграа шест натпревари …