Дома Трансфер зона Лекарските прегледи закажани, Клоп добива големо засилување!

Лекарските прегледи закажани, Клоп добива големо засилување!

Фановите на Ливерпул и Јирген Клоп можат да воздивнат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми фудбалерот на Рома, Мохамед Салах, во вторник ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со клубот од „Енфилд“.

„Црвените“ мораа да ги почитуваат условите на Рома за да го доведат брзоногиот фудбалер во своите редови и на „Волчицата“ ќе и исплатат 45 милиони евра.

Салах така ќе стане првото летно засиување за Ливерпул. Овој фудбалер во изминатата сезона постигна 19 погодоци и го сврте вниманието на повеќе европски клубови, но Ливерпул беше најбрз и најконкретен, па Клоп ќе добие големо засилување пред предизиците кои го очекуваат во наредната сезона.

Да потсетиме, Ливерпул ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, па постои голема можност да се вратат во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…