Дома Фудбал Останато Ќе биде бурно во Каталонија: До 15:00 часот ќе се бараат уште 270 потписи за недоверба во Бартомеу

Ќе биде бурно во Каталонија: До 15:00 часот ќе се бараат уште 270 потписи за недоверба во Бартомеу

Петицијата на членовите на Барселона за изгласување недоверба кај актуелниот претседател на клубот, Хозе Марија Бартомеу се завршува денес.

Членовите на клубот имаа можност да го стават својот потпис за изгласување недоверба во претседателот и управниот одбор на клубот, а петицијата завршува денес во 15:00 часот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


До сега се собрале 16250 потписи, а до 15:00 часот потребни се уште 270 потписи за да се дојде до бројката 16520 која е потребна за преминување во наредната фаза на изгласувањето недоверба.

Ќе бидат ова луди часови во каталонскиот клуб, а ќе видиме дали ќе успеат да се соберат потписите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…