Дома Македонски спорт Пандемијата го одложи „Златен Гонг 2020“

Пандемијата го одложи „Златен Гонг 2020“

Управниот одбор на боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на коронавирусот.

Оваа година традиционално во ноември, трeбаше да се одржи 50-јубилејно издание на „Златен Гонг“, но поради светската пандемија на коронавирусот не може достојно да се организира еден ваков традиционален настан.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управниот одбор на БФМ, на седницата со едногласна одлука реши го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“.

Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме  за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво“ – изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.

Низ историјата од разни причини  „Златен Гонг“ не се одржал два пати, во 1988 и 1997 година, ова е прв случај во богатата историја, традиционалниот спортски настан да се одложи поради пандемија од светски размери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…