Вардар утре ќе ги започне натпреварите во новата сезона од Лигата на шампионите, а прв натпревар е гостувањето кај Мешков Бресто во Белорусија.
Пред овој натпревар Филип Талески порача дека „црвено-црните“ се максимално подготвени за стартот на новата сезона во ЛШ. Според Талески предност на Мешков ќе биде тоа што ќе играат пред навивачи.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Стартува новата сезона во ЛШ и ќе играме против добро позната екипа. Вардар и минатата сезона играше против Мешков, а оваа сезона ги гледавме на Ф4 во СЕХА. Претходните натпревари ние ги игравме без публика, па малку е чудно што таму ќе има навивачи и тоа за нив е плус. Во претходните години Вардар покажа дека за него нема тежок терен, без разлика дали се играло дома и на гости. Се надевам на добар резултат и отварање на сезоната со позитивна атмосфера“, изјави Талески.
Вардар и Мешков играат утре во 18:45 часот.