Вардар во среда ја започнува сезоната во Лигата на шампионите, а прв противник ќе биде Мешков Брест.
Мешков секако не е најтешкиот противник во групата и затоа можеби е добро што играме против нив во оваа фаза кога Вардар се уште се воигрува. Во претходните натпревари можеа да се забележат проблеми во играта на Вардар, посебно во нападот, меѓутоа работите одат на подобро. Така смета и Вујин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Започнува Лигата на шампионите и мислам дека одработивме добри подготовки, Вардар е целосно нова екипи и нормално да имаме потешкотии во првите натпревари. Нашата воиграност не е најдобра, но работите одат на подобро од ден во ден. Верувам во добар натпревар против Брест. Ги гледавме во Задар на Ф4 тие се сериозна екипа со искуство ЛШ. Нормално дека ќе биде тешко, ова е Лига на шампиони и нема лесни противници“, изјави Вујин.
Фото: Јожо Чарабаја