Со натпреварот помеѓу Фулам и Арсенал денес започна новата сезона во Премиер лигата.
Фулам и Арсенал ја отворија новата сезона, а од она што го видовме на теренот навивачите на Арсенал можат да бидат задоволни. До водство Арсенал стигна уште во 8. минута. Вилијан имаше прилика да постигне гол за Арсенал на дебито, но неговиот шут од непосредна близина го одбрани Родак, а топката дојде до Лаказет кој ја смести во мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И по овој гол Арсенал продолжи да игра добро, „топџиите“ ја имаа топката во свој посед и создаваа прилики.
До зголемување на водството Арсенал дојде во второто полувреме. Вилијан изведе корнер, а во шеснаесетникот најдобро се снајде новиот стопер на Арсенал, Габриел кој ја смести топката во мрежата.
Конечните 0:3 ги постави Пјер Емерик Обамејанг и тука Вилијан имаше свој удел, Бразилецот испрати одлична долга топка. Со овој настап Вилијан најавува дека ќе биде супер засилување за Арсенал.