Дома Трансфер зона Барселона ќе пазари во Мадрид

Барселона ќе пазари во Мадрид

На „Камп Ноу“ веќе имаат подготвено и план Б, доколку трансферот на Верати од ПСЖ заврши како лошо засилување.

И не, тоа не е Тони Крос како што можевте да прочитате на многу шпански и локални медиуми.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, според последните информации, Ернесто Валверде во својот тим ја сака една од најголемите ѕвезди на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, која е прва опција во случај транферот на Верати да пропадне

На трансфер листата на Валверде се наоѓаат и Хектор Белерин од Арсенал, како и Филипе Кутињо од Ливерпул, но Саул е доста поевтина опција од двајцата играчи, млад е и ќе биде здив на свеж воздух кој им е неопходен на Ракитиќ и Иниеста во средината на теренот.

Од другата страна, многу шпански медиуми пишуваат дека доколку не го убедат Салах, ќе се свртат кон Коке, кој претходно беше мета на каталонскиот клуб.

„Diario Gol“ наведува дека пред доведувањето на Ракитиќ разговарале со Коке, меѓутоа тоа не завршило со заеднички договор.

Исто така, постои и план Д, а тоа значи дека ќе го искористат конфликтот помеѓу Зидан и Иско, па така внимателно ги следат односите и го чекаат вистинскиот момент за да ги купат услугите на овој играч чија вредност во изминатиов период драстично е намалена, со оглед на тоа дека Зидан не му покажува доверба на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …