Љубителите на фудбалските симулации со нетрпение го чекаат 6-октомври кога „ЕА Спорт“Ре во продажба ќе ја пушти ФИФА 21.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новото издание на легендарната игра би требало да биде подобро од претходното бидејќи од американската компанија најавија повеќе измени.
Овие денови се појавуваат оценките на играчите, а сега е познато дека Меси ќе биде најдобро оценет со 93, зад него ќе биде Роналдо со оценка 92. Тука се уште: Нејмар (91), Де Брујн (91), Салах (90) и Мбапе (90).
Помеѓу најголемите изненадувања е ниската оценка на Герет Бејл кој во неколку години доживеа неверојатен пад. Пред некоја година играчот на Реал на ФИФА имаше оценка 90, а на ФИФА 21 Велшанецот е оценет со 79 со што не е ни во топ 100 играчи според оценката.
