Дома Трансфер зона После шест години го напушти Милан: Боновентура потпиша за Фиорентина

После шест години го напушти Милан: Боновентура потпиша за Фиорентина

Сега е веќе и официјално – Џакомо Боновентура е нов играч на Фиорентина!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Боновентура пристигнува во Фиорентина после шест години поминати во Милан. Неговиот договор со „росонерите“ истече ова лето и сега потпиша договор на две години со екипата од Фиренца.

Боновентура има 31 година и медицинските прегледи ги заврши претходно оваа недела, па сега има право да почне со тренинзи со новите соиграчи.

Кариерата Боновентура ја започна во младинските категории на Аталанта и премина во Милан за 5.3 милиони евра во преодниот рок 2014 година.

Станува збор за искусен играч кој зад себе има 254 натпревари во Серија А, а за тоа време постигна 44 гола и запиша 38 асистенции. Во текот на престојот во Милан Боновентура одигра 184 натпревари на кои постигна 35 голови и додаде 30 асистенции.

Боновентура е играч кој го застапува Мино Раиола, ова лето се поврзуваше и со Рома сепак на крајот заврши во Фиорентина каде што ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…