Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти, а еден од нив е играчот за врска Доминик Собослај.
19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најсилен интерес за Собослај покажуваше Милан, но „росонерите“ се откажаа и сега Наполи е во пол-позиција за неговиот потпис.
Гатузо смета дека Собослај ќе биде идеална замена за Алан, па раководството наскоро ќе започне преговори.
Наполи е спремен да понуди 20 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси за да го добие потписот на големиот талент.