Дома Трансфер зона Изненадување: Милан договори 34 годишен голман

Изненадување: Милан договори 34 годишен голман

Mилан реши уште едно прашање во преодниот рок. „Росонерите“ пронајдоа резервен голман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Лион на „Сан Сиро“ пристигнува искусниот Чипријен Татаруша (34). Финансиските детали не се познати, но најаверојатно во Милан овој голман ќе пристигне без оштета или пак за некоја симболична сума со оглед дека беше резерва и во францускиот клуб.

Подолго време Милан бараше резервен голман. Се споменуваа разни имиња како Консиљи од Сасуоло, Спортиело од Аталанта, Миранте од Рома, Нето од Валенсија…На крајот изненадувачки изборот падна на романскиот ветеран кој во Серија А своевремено бранеше за Фиорентина.

Се претпоставува дека Милан бараше голман кој пред се со своето искуство ќе му помогне на Донарума да напредува и повремено да добива шанса во помалку важните натпревари. Улогата на трет голман во клубот и понатаму ќе ја има постариот брат на Донарума, Антонио.

Милан во овој преоден рок се ослободи од Пепе Реина (три милиони евра по сезона) и Асмир Беговиќ за „росонерите“ настапуваше како позајмен играч од Бурнемоут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…