Новак Ѓоковиќ во мечот со Пабло Карењо-Бусто ја погоди судијката со топче после што беше дисквалифкуван.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УС Опен одлуката ја образложи со тоа што Ѓоковиќ го прекршил праволото на намерно и опасно удирање со топче или непромислен удар со топчето на теренот. Поради оваа дисквалификација Ѓоковиќ ќе биде парично казнет и ќе изгуби поени.
Ѓоковиќ по мечот не одржал прес-конференција, а подоцна се огласи преку совијалните мрежи.
„Тажен сум поради оваа ситуација. Ја проверив судијката како се чувствува и благодарени не Бог, добро е. Неизмерно ми е жал што и предизвикав толкав стрес. Толку ненамерно, а толку погрешно. Нема да го објавам нејзиното име за да и ја заштитам приватност. Кога во прашање е дисквалифкацијата од турнирот, морам да живеам со тоа и да го преболам ова разочарување и се ова да се претвори во лекција за да пораснам како играч и човек. Се извинувам на организаторите на УС Опен и сите вклучени во организацијата поради своето однесување. Им благодарам на луѓето во мојот тим, семејството и навивачите кои застанаа зад мене. Секогаш се тука. Ви благодарам, многу ми е жал“, напиша Ѓоковиќ.