Ако за некој клуб може да се каже дека со скромен буџет изгради супер екипа која го воодушеви фудбалскиот свет тогаш тоа е Аталанта.
Тимот од Бергамо во последните години игра одличен фудбал меѓутоа сега таа одлична генерација може да ја напушти еден најдобрите, Алејандро Гомез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На адреса на Аталанта пристигнала понуда од Саудиска Арабија. За искусниот играч Ал-Наср понудил 15 милиони евра. Италијанскиот тим нема да се противи на продажбата, но конечниот збор ќе го има Гомез.
Гомез добил време да размисли. Понудена му е плата од шест милион евра, плус разни луксузни бенефиции како скапоцени автомобили.
Фудбалерот сака договор на три години и нешто поголема плата, сепак се работи за тешка животна одлука. Ал-Наср наскоро треба да ја достави листата на играчи за азиската Лига на шампиони, па се чека одговорот од Гомез.