По натпреварот селекторот Игор Ангеловски одржа прес-конференција на која ги објасни своите одлуки на денешниот натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Беше навистина тешко да се игра во вакви услови. Мене ми криво што некој не размислуваше и што одреди да се игра од 15:000 часот, па уште ни намалија измени (од 5 на 3). Со оваа одлука не се мислеше на фудбалерите“.
„Во вакви услови после 2:0 немаше потреба да притискаме повеќе и свесно ја препуштивме средината на теренот“.
„За тоа кој ќе игра одлучуваа нијанси. Дамјан Шишковски доби предност зошто бранеше редовно. Горан не беше спремен, зад себе има само 4-5 тренинзи и се договоривме да одигра 30 минути. Немаше потреба да се ризикува повеќе“, изјави Ангеловски.