Дома Фудбал Италија Човекот кој го откри Донарума открива интересни детали: Не чудете се, тие се такво семејство!

Човекот кој го откри Донарума открива интересни детали: Не чудете се, тие се такво семејство!

„Знам се за Донарума, за неговото семејство, роднините, секој дел од неговиот дом. Постојат работи кои навистина изненадија кај медиумите, бидејќи некако сите тие не знаеа што стои зад целата приказна на Донарума која е многу комплексна. А ова е само последица од однесувањето кое отсекогаш беше проблематично“, изјави скаутот кој го откри Џиокондо Марторељи.

Џанлуиџи Донарума е спортска тема број еден во Италија. И тоа со причина. Ова момче во февруари наполни 18 години, направи хаос со одлуката дека не сака да го продолжи договорот со Милан и на себе го навлече гневот на навивачите на Милан.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако сегашниот договор му истекува во јуни следната година, сосема јасно е дека нема повеќе иднина во славниот клуб од Милано. И додека најголемиот дел од јавноста во Италија беа изненадени со одлуката на младиот голман, еден човек изјави дека сето ова беше очекувано.

Џиокондо Марторељи, фудбалскиот скаут кој прв го октри талентот на Донарума во разговор за радиото „Tutomerkato“ изјави дека проблемите со овој човек започнаа и пред ангажирањето за менаџерот кој е еден од најомразените личности во Италија, менаџерот 

 

„Можеби не е пријатно за некого, но јас бев еден од малкумината кој го претпоставуваа ова. Сум видел разни вакви ситуации, и во Милан и претходно и потоа. Проблемот е што треба да се види кој е одговорен што се стигна до оваа точка на година дена пред истекот на договорот“, изјави Марторељи.

„Знаејќи повеќе ситуации за него и пред да биде во Милан и откако е таму, не бев изненаден што Донарума не потпиша нов договор. Тоа е проблем кој треба да се бара уште од корените за да се види кој е виновникот за непродолжување на договорот“.

„Знам се за Донарума, неговата фамилија, роднините, секое ќоше од неговиот дом. Има работи кои навистина ме изненадуваат, најмногу тоа што големите весници и телевизии не сакаат ниту да знаат што се крие зад него. Историјата на Донарума е комплексна и ова е финалниот резултат од неговото однесување кое уште од самиот старт беше проблематично“.

„Не би рекол дека јас го открив него, само имав среќа да се најдам на вистинското место во вистинско време. Тој беше 10 годишно момче и дури и слеп човек ќе ви кажеше дека Донарума е голем талент“.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…