Според информациите на италијанските медиуми Интер е пред потпис со Матео Дармијан од Парма и тој трансфер наводно ќе изнесува само два милиони евра.
Поранешниот бек на Милан и Торино е блиску до преминување во Интер, а неговиот агент Паоло Кастелини вчера имал конкретен состанок со управата на клубот од Милано.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
36 годишниот фудбалер кој минатото лето се врати во Серија А од Манчестер Јунајтед ќе замине од „Енио Тардини“ после само една сезона и ќе конкурира за тимот на Интер.
Дармијан минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна еден гол во Серија А.