Дома Трансфер зона Парма до крајот на преодниот рок добива засилување од Манчестер Јунајтед?

Парма до крајот на преодниот рок добива засилување од Манчестер Јунајтед?

Парма за новата сезона од Серија А веќе доведе неколку засилувања, а сега работи на уште едно.

Според она што се пишува во италијанските медиуми до крајот на преодниот рок Парма би можела да се засили со Матео Дармијан од Манчестер Јунајтјед.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој 29 годишен дефанзивец се поврзуваше со неколку италијански клубови како Јувентус, Интер и Рома, но никој не сакаше да плати 10 милиони евра колку што бараше Јунајтед за неговиот трансфер.

Трансфер експертот, Никола Шира кој работи за „Газета дело Спорт“ објави дека Парма се обидува да го доведе Дармијан.

Наводно претставниците на Дармијан имале „позитивни контакти“ со управата на Парма и на негов трансфер ќе се работи до крајот на преодниот рок – 2-ри септември.

Ќе потсетиме, Дармијан во Јунајтед пристигна во 2015 година од Торино за 18 милиони евра, а сега останува да се види дали ќе се врати во татковината ова лето.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед важи до крајот на наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…