Дома Топ вести „Марка“ и „АС“ едногласни: Донарума станува галактико!

„Марка“ и „АС“ едногласни: Донарума станува галактико!

Џанлуиџи Донарума е централна тема во италијанските и светските медиуми откако вчера Милан објави дека одбил да го продолжи договорот.

Агент на Донарума вчера официјално му соопшти на миланскиот клуб дека Донарума нема да го продолжи договорот и ја одби понудата на „росонерите“ од 5 милиони евра по сезона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека ваквата одлука е плод на лошите односи на Раиола со новото раководството на Милан, и фактот што менаџерот сака да земе голема провизија од следниот трансфер на младиот голман.

Донарума има договор со Милан до јуни 2018 година, а „росонерите“ се категорични дека немаат намера да го продадат, што значи дека голманот една година ќе ја помине на трибините.

Таа опција најмногу му одговара и на Раиола кој следното лето ќе земе огромна провизија (околу 40 милиони евра), а како главен фаворит за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид.

Мадридските весници „Марка“ и „АС“ кои се блиски до Реал Мадрид денес на насловните страни пренесуваат дека Донарума ќе биде следната ѕвезда во „кралското небо“.

Наводно Флорентино Перез има договор со Раиола, па единствено нешто што е нејасно во овој момент е дали „кралевите“ ќе чекаат една година и ќе го донесат Донарума како слободен агент или сепак ќе се обидат да се договорат со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…